Лидерот на ВМРО-Народна, Љубчо Георгевски преку објава на социјалните мрежи вели дека многу добро го познава убиецот на малата Вања, Љупчо Палевски-Палчо. Според него, Палевски го создал весникот СТАРТ, кој како што тврди Георгиевски, бил наменет директно против него.

Направи специјален весник за мене, СТАРТ кој траеше колку и мојот мандат, каде беа изнесувани сите дезинформации, лаги за говорот на омраза и да не зборувам за мене и блиските луѓе. Како да не го знам човекот кој како претседател на СДСМ за Град Скопје на славниот 15 септември катастрофално ме порази. Цело Скопје виде спас во него од мојата диктатура, истакнува поранешниот премиер.

Георгиевски наведува дека Палевски бил личен пријател на многу лица од политиката, спомнувајќи ги имињата на Бранко Црвенковски, Хари Костов, Доста Димовска и Зоран Верушевски, меѓу другите.

Општа констатација е дека системот на неказнивост родила монструм, но проблемот е што Македонците се заљубени во тој систем!? Системот има име „Длабоката југословенска држва“ и нејзиниот огранок во Македонија, пишува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.