Нормално е секоја опозиција да се труди што поскоро да има избори и тоа е легитимно. Ние мислиме дека предвремени избори не се потребни. Да мислевме спротивно, пред три месеци немаше да станеме дел од ова Влада, туку ќе одевме на избори, истакна претседателот на Алтернатива, Африм Гаши по одржувањето на првиот дел од Првиот конгрес на партијата во Скопје.
Гаши рече дека кога станале дел од Владата никаде не посочиле дека ќе направат нешто за 100 дена.
Кога влегувате на половина мандат не може да се обврзете на некои 100 дена, но ние одржавме една средба после стоте дена, бидејќи сакаме да им дадеме отчет на нашите гласачи, активисти и сите граѓани и тоа беше целта. Ние сакаме сите тие точки да се реализираат, но објективно кога има пречки имаме разбирање да почекаме најпогоден момент за да се стават на дневен ред. Работиме интензивно и сакаме да се реализира тоа, но од друга страна имаме разбирање. Колку ќе се реализира од тоа, ќе покаже иднината, рече Гаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.