И ЦИА и британската и германската тајна служба веднаш по атентатот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров испратија телеграми до македонските служби да не се пипа ништо на местото на атентатот затоа што нивни специјални единици веднаш доаѓаат. Но, тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски дал наредба само после 120 минути да се тргне мерцедесот од местото на атентатот. Тој е мозокот на атентатот. Ова вечерва го изјави Љубомир Гајдов, долгогодишен новинар, надворешно-политички коментатор за емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Во разговор со заменикот на шефот на ФБИ, на моето прашање за тоа кој е организаторот на атентатот, тој ми рече дека тоа „Го направија вашите. Најблиските соработници на Глигоров“. Фрчкоски е мозокот на атентатот. И шефот на ЦИА Џорџ Тенет во една прилика изјави дека се знае кои беа најблиските пријатели и соработници на Глигоров. Мислите случајно е тоа зошто Вашингтон не се согласи поранешниот македонски министер за внатрешни работи да биде амбасадор во САД. Тоа секој паметен човек може да го прочита, изјави Гајдов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.