Ако мислите на овие случаи кои што беа отворени од Специјалното Јавно обвинителство, мислам дека многу сме коментирале и претходно се работи за еден цел процес кој што има изгубено кредибилитет и се работи за процес кој што беше јасно политички диригиран, видовме како заврши всушност Катица Јанева и што се случуваше, но тоа не смее да значи дека не смее да има битка со организиран криминал и корупција она што загрижува е што не е прв пат да бидеме искрени е што многу ретко да не речам никогаш не се гонат функционери од актуелната власт, изјави Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Според Николоски на толку бројни корупциски скандали, бројот на случаи против функционери на власта е многу мал, укажувајќи доколку сакаме да бидеме дел од европското семејство тогаш мора да го промени овој начин на функционирање на државата и институциите.

На толку бројни корупциски скандали, скоро и да нема функционери од актуелната власт кои што одговараат и тоа не е прв пат, мора да бидеме чесни така било и во минатото и е една пракса која што Македонија мора да ја надмине доколку сакаме државата да оди напред без разлика дали ние преговарале или не со Европската Унија влегле во прва или во втора лига на Европската унија мора ова да го решиме и за мене уште еден многу значаен дел се основните судови и основните обвинителства, верувајте познавам многу луѓе кои што ми се обратиле, кои што се заглавени низ таа судско обвинителска лавиринт мрежа, каде што не можат да си решат основни проблеми, имотно правни итн, заради еден корумпиран систем на здружени адвокати, обвинители и судии во кој што доколку не сте дел од таа шема не можете да си ја добиете правдата како обичен човек. Тоа не се високо профилирани случаи, тоа не се случаи на висока корупција, но се случаи кои многу значат во секојдневното живеење на луѓето.

Одговарајќи на прашањето за однесувањето на Џафери и интерпелацијата и дали опозицијата и владата имаат некаков скриен договор тој потенцираше дека:

Ние веќе ја поднесовме интерпелацијата за работата на Талат Џафери, во однос на функционирањето на Собранието за жал не е добро, она што е исто така проблем според мене е што власта бегајќи од избори тежиштето го префрла во Собранието иако на сите ни е јасно дека договорот за предвремени парламентарни избори мора да е помеѓу најголемите политички партии а не да е во Собранието со просто собирање на 61 пратеник. Однесувањето на Талат Џафери е дополнително проблематично, всушност начинот на кој што беше избран доволно говори за него мислам дека човек со повеќе интегритет немаше да си дозволи да биде избран на начинот кој беше избран, но тоа е некое минато време и говори за него, а не говори за состојбите општо, за жал во Собранието првиот човек често дава голем белег на работата на Собранието и насочувајќи го Собранието во друга насока.

Во однос на скриен договор, таков нема доколку има договор тој ќе биде јавен и ќе објавиме кога ќе одиме на предвремени парламентарни избори и најавуваме еден голем протест во Скопје на 18ти јуни на кој што планираме 10тици илјади граѓани од целата држава јасно да искажат дека се за предвремени парламентарни избори, објасни Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.