Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во ИЕ4, Венко Филипче, не размислува за победа на парламентарните избори, туку се надева на „што подобар резултат“ на неговата партија.

Филипче истакнува дека резултатот од првиот круг на претседателските избори е под сите очекувања и дека го става под испит секој партиски член.

Тој на своите сопартијци им порачува дека ќе има време да се анализира каде се грешело, да ги менуваат работите и одново да ја градат довербата кај граѓаните. Филипчле додава дека тоа ќе мора да го почнат првиот ден по изборите и затоа ги повика, секој од нив, да изработат за подобар изборен резултат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.