Имаме замена на тези дали оваа реформа ќе била направена или не.Имаме заклучок кој што е еден параграф.Амадманите и отпочнува отворањето на поглавјата.Сите поглавја ќе беа отворени одеднаш.
Ова го кажа вчера премиерот Димитар Ковачевски за тоа што Македонија повторно не доби почеток на преговорите поради бугарското вето и уставните измени.
Една реченица остана незабележана од изјавата на премиерот а тоа е „Сите поглавја ќе беа отворени одеднаш“.
Премиерот или не знае или намерно манипулира за тоа како течат преговорите со членка. Ниту една земја не ги отвора сите поглавја однеднаш.
Таков случај досега не е забележан и Македонија би била исклучок. Преговорите со Европската унија до 2020 година и првото француцко вето се водеа преку 32 поглавја и се почнуваше со најтешкото односно со т.н „фундаментал“ во кое спаѓаат судство, права, правда и безбедност.Ова поглавје прво се отвораше и последно се затвораше.
Во меѓувреме ЕУ дозволуваше да се отворат неколку поглавја но додека тие не се затворат не може да се отвораат нови. За сите поглавја да бидат отворени никогаш не станувало збор.
Во 2020 година на барање на претседателот на Франција Емануел Макрон беше усвоена нова методологија со кој процесот е уште посложен.
Оваа методологија е реверзибилен процес и дека одредено поглавје би можело повторно да се отвори ако земјата кандидат има узадување во одредена област од шесте кластери.
Новиот пристап предвидува дека за секоја земја која преговара, ЕУ може во секој момент да го забави, па дури и да го суспендира процесот, доколку нема напредок во овие клучни области.
На кандидатите кои веќе прегововараат, како Србија и Црна Гора им се остави можност дали ќе преговараат на стариот начин или ќе преминат на новата методологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.