Европскиот совет денеска донесе одлука за потпишување на договорот за соработка во управувањето со границите меѓу Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) и Македонија. Советот, исто така, се согласи да ја испрати нацрт-одлуката за склучување на договорот до Европскиот парламент за негова согласност. Договорот ќе биде преведен на 25 јазици, меѓу кои и на македонски јазик и доставен до земјите-членки на Европската Унија.

ЕУ и Западен Балкан споделуваат заеднички миграциски предизвици и единствениот начин за нивно решавање е преку заедничка акција. Договорот со Македонија е важен чекор во оваа блиска соработка. Тоа ќе му овозможи на Фронтекс да обезбеди конкретна поддршка на теренот, во корист и на Македонија и на земјите од ЕУ“, рече Вит Ракушан, министер за внатрешни работи на Чешка.

Договорот ќе биде изработен во дупликат на бугарски, хрватски, чешки, дански, холандски, англиски, естонски, фински, француски, германски, грчки, унгарски, ирски, италијански, латвиски, литвански, малтешки, полски, португалски, романски, словачки, словенечки, шпански, шведски и македонски јазик, секој од текстовите подеднакво автентични.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.