Во моментот кога избил пожарот во фабриката „Жито Битола“ имало двајца вработени, кои биле навремено евакуирани и тие се на безбедно, информира градоначалникот на Битола Тони Коњановски, кој е на лице место, за новинарите.
Нема човечки жртви, ниту повредени.
Пожарот се уште не е локализиран, се претпоставува дека тешко ќе оди и гаснењето со оглед на тоа што објектот е стара конструкција со греди стари 100 години, што било причина и кровот да изгори за неполни 15-тина минути, споделува телевизијата.
Причината за пожарот се уште не се знае, на терен се локалните власти, и обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.