Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се регистрирани 693 нови Ковид случаи од 1.480 направени тестови. Оздравени се 826 пациенти и двајца починале.
Од регистрираните случаи, 255 се во Скопје, во Битола – 49, Куманово – 44, Кавадарци – 42, Охрид – 32, Прилеп, Велес и Струмица – по 27, Тетово и Штип – по 24, Гевгелија и Радовиш – по 20, Гостивар – 16, Кочани и Делчево – по 12, Неготино – 10, Кичево и Струга – по 8, Ресен – 7, Крива Паланка и Берово – по 5, Свети Николе и Валандово – по 4, Кратово – 3, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Пробиштип и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (693), регистрирани се 170 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, од Скопје (77г) и Богданци (77г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во Македонија се направени вкупно 2.131.728 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 333.360, бројот на оздравени пациенти е 319.717, на починати е 9.400, а бројот на активни случаи изнесува 4.243
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.