Центарот за управување со кризи упати предупредување за поголема внимателност по најавите од УХМР дека до крајот на неделава се очекува нестабилно време и повремен пороен дожд.

Интензивните врнежи од дожд можат да предизвикаат локални проблеми во дел од урбаните средини, како и да доведат до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во текот на наредните денови (до недела) – апелираат од ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.