Речиси цела недела Обвинителството за организиран криминал и корупција и главниот обвинител Ислам Абази молчат и не покренуваат истрага за младиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети.На сите им е чудно како Дрин Ахмети добил 39 проценти од деловниот објект ТЦ Соравија вреден 30 милиони евра, без еден денар влог, а само на обвинителот Абази не му е чудно.

Ислам Абази кој е близок пријател на семејството Ахмети, а и често е во друштво со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и таткото на Дрин, Фекри Ахмети, коментира ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија е ДУИзирана. Обвинителството е ДУИзирано, а Димитар Ковачевски само за пуста фотелја и функција молчи за скандалот со внукот на неговиот коалиционен партнер, Али Ахмети.И Ковачевски и цела влада на СДС е одговорна за овој скандал исто колку што е одговорен Абази бидејќи не постапува по допрен глас, само затоа што се работи за внук на Али Ахмети.Во држава како Македонија во која криминалот и корупцијата се во секоја пора на општеството, не постои човек кој така дава дури 39 процени од деловен објект кој вреди 30 милиони евра.Институициите за овој скандал молчат и бегаат, а кланот Ахмети прави милиони.ДУИ мора да замине во опозиција час поскоро.По паѓање на криминалната влада на СДС и ДУИ следува одговорност



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.