Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил објави заедничка фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со кого се упатуваат кон Општина Липково.

Таму денеска од 14.45 часот ДУИ денеска организира свеченост за отворање на споменикот посветен на борците на УЧК во Слупчане. Споменикот чини 200.000 евра и е висок 20 метри.

ДУИ секоја година го слави 2 мај како ден на бранителите или „мачениците на нацијата“ и државниот врв од партијата редовно се поклонува на гробовите на убиените „борци за слобода“. Годинава славјето се поклопува и со големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.