Доцнат платите во болницата во Гостивар, а вработените не се информирани за причините ниту кога ќе се надмине проблемот, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Вакви поплаки денес пристигнаа од вработени од оваа установа до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ кои се охрабрија да пријават неправилности односно се одзваа на нашиот повик за пријавување на истите.
Со ваквиот третман на надлежните институции кон вработените во здравството се демотивираат вработените,дополнително покрај лошите услови за работа.
Што се случува со исплатите на платите на здравствените работници ако се земе во предвид дека изминатиов период доцнеа платите и во Службата за заеднички работи при Клиники, а без здравствено осигурување останаа и вработените во Здравствениот дом Скопје.
Вака ли државата се грижи за хероите на пандемијата кои многу брзо ги заборавија.
Покрај нула грижа за медицинскиот кадар, имаме и нула грижа и посветеност во инфраструктура и нула напредок во опременост и затоа на целото здравство му е поминат рокот и потребно е итно рестартирање, се наведува во реакцијата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.