Во сабота во периодот помеѓу 05:00 и 08:00 часот, општина Велес ќе го спроведе второто авионско третирање против комарци на територијата на градот и приградските населени места.

Градските служби соопштуваат дека со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. Исто така, ќе се третира рекреативниот центар „Езеро Младост“ со непосредната околина.

При авионското третирање ќе се употребува средство „KULFAK 50 ЕС“, биоциден производ на производител „KULSAN ILАС“ од Турција, одобрено од Министерството за здравство, посочуваат од општината.

Оттаму ги известуваат пчеларите, за време на времетраењето на третирањето и 3-4 часа потоа, да ги затворат кошниците со пчели, поради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Од општината појаснуваат дека доколку временските услови не бида6т поволни, авионско третирање ќе се реализира наредниот ден, односно во недела.

Третирањето против комарци се реализира согласно законската обврска за заштита на населението од заразни болести и за дезинсекција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.