Покрај договорот што го потпиша Заев, фактички сега ќе има уште еден договор на кој бугарската страна инсистира, а што нашата страна прифаќа затоа очигледно премиерот Ковачевски денеска го прифати прашањето за Бугарите во Македонија, само го услови временски со прием во ЕУ. Тоа значи дека постојано правиме отстапки, вели поранешниот амбасадор Јован Донев во емисијата „Што не е јасно“.

Тој рече дека власта нас не замајува дека Петков е добриот, Радев лошиот, а Петков како премиер ја менува тактиката само со проширување на економска политика, инфраструктура.

Бугарија има утврдена државна политика кон Македонија, а Македонија очигледно прифаќа, никој не ни наложил да ги прифатиме тие 5+1 или никој не ни забранил да се спротивставиме на мешањето на Бугарија во внатрешните работи на Македонија, истакна Донев.

Нема што да очекуваме од Ковачевски и Османи, тоа е прифатено, без никаков реципроцитет, вели тој во однос на внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Тука се гледа капацитетот на македонскиот премиер и министер за надворешни. Тие немаат познавања ниту за суштината на проблемот со Бугарија, ниту како функционира нивната надворешна политика, нивните принципи, тие немаат појма. Затоа што никој не побарал од нас да прифатиме тоа што Бугарите бараат , се очекува само да преговараме, но штом има соговорник како што е македонската владата која веднаш прифаќа, само се подига прагот. Ова е истата приказна што ја правеше Заев, потенцираше Донев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.