Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи како самиот да се заплеткува со изнајмувањето на возила за самиотот на ОБСЕ на крајот на месецот.

Тој сега вели дека договорот за 900.000 евра била Рамковен и оти немало да се потрошат сите пари.Колку не знае ни тој самиот.

Оние што се занимаваат со овој бизнис велат дека  175 мерцедеси С класа за два дена може да се изнајмат и под 200.000 евра.Прашањето е каде ќе  одат 700.000 евра?

Не треба некој да е посебно навлезен во економија за да сфати дека Бујар Османи со тендерот за рентирање на 175 возила од 900.000 евра очигледно некого дебело ќе „омрси”.

„Република“ веќе направи споредва на возилата од рент а кар агенцијара АБЦ ангажирана од МНР. Во нивниот ценовник е наведено дека изнајмување на најскапите возила од понудата а тоа е Audi A4 automatic allroad quattro TDI  чини 308 евра за ден.

Помножено по 175 возила тоа е нешто повеќе од 200.000 евра. Пак сме далеку до 900.000.

 

Кога ќе се погледнат сајтови на рент а кар агенции низ Европа, се доаѓа до заклучок дека луксузно возило како Мерцедес С класа, кое се смета за класа во која се возат највисоки гости се рента за 450 евра од ден, т.е. за два дена 900 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.