Министерот за правда, Кренар Лога синоќа за ТВ21 истакна една од причините што според него ги принудиле македонските пратеници да гласаат „против“ Законот за амнестија.

Иако одби да оцени зошто пратениците на СДСМ не го поддржале Законот, Лога подоцна посочи дека од коментарите на социјалните мрежи една од причините можеби била „големата горчина на Македонците“.

„Посакувам да го повикате премиерот и да го прашате, бидејќи тоа што се случи е многу болно за семејствата на затворениците. Имаше гнев кај Македонците дека многу Албанци ќе бидат амнестирани и македонските политичари да не гласаат за тоа“, рече вчера Лога.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.