Добро е што Ахмети признава дека покрај СДСМ главната причина за неуспех на државата е самата ДУИ, лошата вест е што ДУИ заедно со СДСМ продолжуваат да ја пљачкосуваат државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ за видеото објавено од лидерот на ДУИ Али Ахмети, во кое тој обвинува дека двете најголеми македонски партии постојано зборуваат лошо за нив.
ДУИ да не ја монополизира својата улога кај Албанците, бидејќи ако за ДУИ беа вистински важни Албанците немаше да ги крадат со тендери и криминал, како што тоа СДСМ го прави на ниво на цела држава. Секогаш кога Ахмети сака да се додвори кај странскиот фактор веднаш се откажува од Косово, а секогаш кога треба да крадат и да им врват тендери во четири очи, зборат во јавноста за патриотизам.
Во канцеларијата на кој лидер во светот наместо книги, стои машина за броење на пари, како што е случајот со Али Ахмети. Тоа е доказ дека ни права ги интересираат, ниту имаат чувство за грижа за народот, туку само тендери и договори во четири очи.
ДУИ го нема монополот кај Албанците, а на тоа треба да реагираат и Алијанса на Албанците, и БЕСА, и Алтернатива и сите останати партии.
Критиките кон ДУИ не се критика кон Албанците, туку критика кон криминалците кои ги злоупотребуваат сите граѓани.
Затоа денес имаме влада администрирана од Ковачевски, а вистински водена од ДУИ на Груби, Бектеши, и Османи, влада без резултати, каде од зелена агенда ја признаваат само зелената боја на парите. И Македонците, и Албанците со СДСМ и ДУИ живеат се потешко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.