До попладневните часови пристигнати се вкупно 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни и претседателски избори, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК).
Од ДИК посочуваат дека од вкупниот број пријави 53 се прифатени, девет се одбиени, а за 147 пријави во тек е на обработка.
Ппријави од дипломатските претставништва се уште не се пристигнати до ДИК.
Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 20 март, в среда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.