Директорот тера партиска кампања, а болницата во Охрид е со нефукционални оддели и комплетен дебакл во менаџирањето како никогаш претходно, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Додека во Болницата во Охрид апаратот за комјутерска томографија не е во функција, исто и апаратите во Струга, и Битола.
Додека има ограничување на една операција на ден во Болницата во Охрид.
Додека се нефункционални неколку оддели како педијатрија, одделот за уво, нос и грло, и патологија со што пациентите не ги добиваат потребните здравствени услуги.
За директорот Асен Шајн заедно со други директори од клиники поважни се партиските трибини.
Без основна грижа за пациентите овие партиски кадри организираат партиски трибини за области за кои буквално немаат мрднато со мал прст.

Учесниците на денешната трибина на СДСМ во Охрид ги прашуваме
1.Што конкретно преземале за здравјето на граѓаните со фокус на забелешките на извештајот на ЕК?
2.Зошто нема напредок во имплементацијата на скрининзите за канцер што е забелешка и во извештајот на ЕК а токму учесниците на партиската трибина треба да им одговорат на граѓаните зошто не преземале ништо за рана детекција на неколку видови канцер?
3. Кои корективни мерки ги имаат преземено за нефункционалноста на неколку оддели во Болницата со што значително е симнато нивото на Болницата во пружањето на здравствени услуги за пациентите
Ваквиот дебакл говори само едно – освен партиските интереси, ниту им е грижа за здравјето на граѓаните, ниту сакаат да решаваат проблеми туку напротив истите овие учествуваат во создавањето на проблемите, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.