Директорката на Националната установа „Завод и музеј“ – Битола, вчера во СВР Битола пријавила дека на 25 февруари, таа и уште двајца вработени извршиле увид во археолошки локалитет Влахо во с.Живојно, општина Новаци и притоа, на археолошкиот локалитет затекнале работници и механизација на фирма од Битола како вршат ископ на локалитетот без претходно извршено задолжително археолошко истражување на локалитетот.

Според пријавеното, при увидот било констатирано дека е уништен голем дел од локалитетот.

Од битолската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку, археолошкиот локалитет Влахо е досега најстара откриена неолитска населба во Македонија. Датирана во 64-от век пред новата ера, таа е основана дури 300 години пред останатите во овој регион, што воедно претставува и еден од најраните неолитски локалитети во Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.