Поранешниот пратеник Илија Димовски вечерва во дебатниот магазин „Click plus“ на ТВ21 посочи дека ДУИ треба најмногу да инсистира за брзи избори
Според Димовски, ДУИ ја има таа комоција уште во одредено ограничено време од аспект на тоа дека разликата во анкетите кои што ги гледаме во јавноста, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сериозно се раздвојува.
„Веќе добива размер на бројки кои достигнуваат 70-80-90 илјади гласа разлика. Мислам дека ДУИ е малце и во цајтнот заради тоа што може да се случи на следни парламентарни избори разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да биде толкава за да биде доволна ДУИ сам како политичка партија да не биде клучен фактор. И тука јас ја гледам логиката дека и ДУИ не е во толку комотна позиција колку што сакаме ние да ја перцепираме“, вели Димовски.
Поранешниот пратеник Гордан Георгиев, пак, смета дека не треба да има избори затоа што Владата треба да ја расчисти „маглата“ околу почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија.
„Оваа магла околу почетокот на преговори на Македонија со Европската Унија треба да се расчисти и мислам дека треба да расчисти оваа Влада за да можеме со следната Влада да почнеме на чист терен“, вели Георгиев.
Според него, мантрата ЕУ предолго се поставува како алиби за сите политички елити за нечинење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.