Пописот е некомплетен, статистички погрешен и неточен, реагира поранешниот пратеник Илија Димовски, кој потенцира дека 21,49% од граѓаните на Република Македонија не се попишани.

– 537.833 граѓани или 21,49 %
воопшто не се попишани
во графата етничка припадност, религиска припадност и мајчин јазик.
– Од нив:
405.573 воопшто не се попишани (ниту административно),
132.260 не се попишани лично (нема податок за етничка, религиска и јазична припадност).
– 2.502.892 државјани има Република Македонија (според податоци објавени на ТВ Телма од МВР како посочен извор на 20.11.2020 година),
а се попишани само 2.097.319 граѓани
– Пописот е некомплетен, статистички погрешен и неточен!, пишува Димовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.