Молкот на Ковачевски и Османи е опасен, сами ќе решаваат за македонскиот идентитет, ова е резултат на тврдоста на бугарската влада и мекоста на владата на СДСМ Прво да претпоставиме што не мислам дека ќе биде случај, дека бугарскиот парламент ќе го отфрли предлогот. Нашето молчење во тоа сценарио знаете што ќе направи? Следниот предлог да биде уште поблиску до максималните бугарски позиции, смета поранешниот шеф на дипломатијата и министер за надворешни работи на СДСМ, Никола Димитров во вечерашното гостување во еми8сијата Топ тема на ТВ Телма.

Според Димитров, францускиот предлог е заради две работи, а тоа е геополитичката ситуација, како и тврдоста на бугарската владата во Софија и мекоста на македонската владата на СДСМ и Димитар Ковачевски.

Овој предлог е ваков заради две работи. Геополитичката ситуација во Европа, Украина и Молдавија треба да добија кандидатски статус. И второ тврдоста на Софија и мекоста на Скопје. И кога Франција доаѓа и вика јас овој проблем сакам да го решам, ми треба некаков напредок и на Балканот, иако во нашиот случај реално ќе не паркираат на паркинг, нема да има напредок, рече тој. Димитров смета од германскиот и португалскиот предлог, Македонија стигна до француски предлог, односно од високо, паднала многу ниско, како и дека ова е поради неработење на македонските интереси од страна на Владата на СДСМ и Ковачевски. Како Македонија го доби германскиот предлог, и како Македонија го доби португалскиот предлог. И како ние од горе за неколку месеци стигнавме доле, под црвената линија? Па од неработење на македонскиот интерес или од незнаење или од недоволен ангажман, или од давање сигнали. Ние толку сакаме ова да почне, па ќе проголтаме едно чудо работи, и еве го резултатот, дециден е Димитров. Ние и денеска можеме ова да го спречиме, ако нашата влада каже ова не може. Ако они сакаат да ставиме Бугари во Устав, тогаш нека ја тргнат забелешката од македонски јазик, изјави Димитров. Димитров вели дека за волку важно прашање за македонскиот идентитет пред се на македонскиот народ, мора да има дебата, додавајќи дека овој молк од владата на Ковачевски е исклучително опасен, бидејќи ќе решава сама за францускиот предлог, за разлика каде што во Софија има дебата во бугарскиот парламент. Многу е важно какви сигнали испраќаме ние, и затоа овој молк е исклучително опасен. Фактот што македонската јавност нема увид во билатералниот протокол договорот за 4+1, една од точките е работата на историската комисија, друга точка е говорот на омраза, да видиме што има. За волку важно прашање, за европската иднина на сите граѓани, за македонскиот идентитет пред се за македонскиот народ, ние немаме информирана дебата, не знаеме дали Собранието ќе го свикаат за да има дебата или пак некакво гласање, а замислете некаков парламент на друга држава ќе има дебата во нивниот парламент. Нашата влада ќе решава сама за ова прашање без да го праша парламентот, без да објави, а има само неколку денови, потенцираше Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.