Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, побара од премиерот Димитар Ковачевски да го разреши министерот за надворешни работи Бујар Османи. Поранешниот функционер на СДСМ вчерашното гостување на бугарскиот државен врв во Битола го оцени како провокаторско и навредливо.
Во оваа прилика сакам да упатам порака и до нашиот премиер Ковачевски најпрвин сериозно да ја преиспита работата на министерот Османи и да ги превземе сите чекори за негово разрешување и веднаш јавно да даде изјава во која ќе ги осуди постапките на бугарскиот државен врв и ќе застане на браникот на Македонските национални интереси што е впрочем негова уставна обврска заедно со Претседателот на државата Пендаровски. Поголема провокација и навреда од оваа немало, молкот е повеќе од срам!, напиша Димитриевски.
Кумановскиот градоначалник му порачува на бугарскиот премиер Кирил Петков да тргне по примерот на Вили Брант и да ѝ се извини на македонската нација и да го осуди фашизмот.
До тогаш ние како “добар сосед” во Македонија оваа наша, овде ќе си го славиме Гоце Делчев и Јане и Даме и Карпош и многу други како столбови и творци на нашата Македонска држава и ќе си ги чествуваме и празнуваме хероите од антифашистичката борба и коалиција како пример за непокор на Македонскиот народ и како доказ дека во историјата сме биле секогаш на вистинската страна, страната на поробените и онеправдените, објави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.