Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски изрази разочараност од однесувањето на премиерот Димитар Ковачевски по мајтапот од неговиот албански колега Еди Рама во Солун пред германскиот канцелар Олаф Шолц.

Никој не те почитува доколку не покажеш самопочит, но и возвратиш почит кон тие кои те почитуваат. `Шегата` на Рама е неприфатлива, должен е извинување и кон премиерот, но и кон целата македонска јавност. Ковачевски наместо насмевка треба да возврати со реципроцитет и да побара извинување. Молкот е повеќе од срам! Дали вака размислувате да градиме Отворен Балкан?, прашува Димитриевски во објавата на својот профил на Фејсбук.

Инаку, Димитриевски е поранешен сопартиец на Ковачевски и поранешен функционер на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.