Прво да се види кои од кандидатите што ја поминале обуката и го положиле завршниот испит на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“ и каде ќе бидат распределени во судовите и во обвинителствата, да почнат да работат, па потоа да ги коментираме нивните професионални можности, интегритетот и слично, вели претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев откога беа обелоденети имињата и семејните врски на дел од последната генерација што предизвика жестоки јавни критики.

Прво да видиме кои од нив ќе бидат избрани за судии и обвинители и на кои позиции, да видиме како ќе работат и потоа, евентуално, може да коментираме. Тие кандидати, сепак, поминале низ одредени филтри и сакам да верувам дека се квалитетни – изјави Џолев.

Меѓу кандидатите се најдоа роднини на судии, обвинители, поранешни претседатели на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители но и на луѓе на високи функции од законодавната и од извршната власт, што според бројни коментари, може да се толкува како резултат на форсирање на кадри на роднински, партиски и секаков друг основ, а во иднина може да резултира со разни роднински и партиски влијанија, конфликт на интереси и слично. Во самите судови, каде веќе се чувствува голем недостиг на судии, се кон овие коментари пристапуваат со големи резерви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.