Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска му подари графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“ на папата Франциск.

Иконата потекнува од 1837 година од црквата „Света Богородица“ во Ново Село – Штип. Донесена е од Света Гора Атонска. Авторот, односно мајстор кој го изработил бакрорезот е Антим од Пелопонез, најпознатиот гравер и типограф на Света Гора Атонска од 19 век. Иконата е единствена сочувана од овој иконографски тип.

Концепциски и тематски иконата во една целина обединува неколку иконографски теми: Богородица Несвенлива Роза со Хриcтос цар, Лозата Есеева и циклусот на Акатистот на Богородица.

Џафери на папата Франциск му подари и примерок од долгометражниот документарен филм за Блаже Конески „Јанѕа“ од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски.

Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“ – Скопје, финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

А по повод десетгодишнината од неговиот Понтификат му подари уникатен примерок – изработен во техника длаборез, кутија за чување на лични работи.


Извор МИА


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.