Најостро го осудуваме мизерниот и навредлив говор кој Талат Џафери го упати кон пратеникот Игор Јанушев и бараме итна реакција од сите надлежни институции за упатената закана, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешниот инцидент во македонското Собрание.

Џафери треба да сфати дека не е во шума или на ливада со стадо, од каде очигледно го влече примитивниот однос, туку заради сила на околности, и тој е дел од законодавниот дом, каде треба да поаѓа од демократски принципи на меѓусебно почитување.

Џафери треба да е свесен дека нема да се толерира напад врз малолетни деца, иако неговата цел е подгревање на инциденти и ширење на тензии, со цел де фокус од фактот дека неговиот син положил правосуден испит без завршен факултет.

Македонија е демократска држава и сите треба да бидат еднакви, а не привилегирани како синот на Џафери.

Џафери да не игра на картата на ниски страсти и да се брани дека некој наводно го нападнал или навредил неговиот син, тоа не е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, напротив, наша одлика е законите да важат подеднакво за сите.

Во насока на создавање на здраво општество бараме Џафери јавно да се извини за кажаните закани и навреди кон пратеникот Игор Јанушев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.