Сиромаштијата секојдневно се зголемува, криминалот и корупцијата цветаат, образованието се распаѓа, но бројот на казина се зголемува. Ова е дволичната политика на Артан Груби и ДУИ на Али Ахмети велат од Европски сојуз за промени.

Неодамнешните постапки докажуваат дека главен непријател на граѓаните, особено на Албанците, е дволичната политика на ДУИ. Со притисок на опозицијата и движењето „Anti-Bixhoz“ се донесе закон со кој казината ќе се обврзат да бидат на соодветна оддалеченост од училиштата. ДУИ истрча да земе заслуга за ова, дека наводно добро ја завршила работата, но и да се обиде да ја прикрие финтата што им ја прави на граѓаните. За каква дистанца зборува ДУИ, кога на точно 30 метри од местото каде што сме, зграда која со години беше универзитет, денеска е казино. ДУИ во јавноста се преправа дека е против казината, но со закон овозможи онлајн казината да влезат во секој дом и во секој телефон на секој граѓанин.
Од друга страна, додека децата во училиштата со години немаат книги, Владата на Али Ахмети и Артан Груби, сега со потпис на Прпарим Бајрами, само во јануари 2024 година, ќе се испорачаат 500 казино уреди и 500 нови столици за во казино, како и за рекламирање. Функционерите на Али Ахмети ја прават првата инвестиција годинава, од 5 милиони евра за казина, а нема сомнеж дека овие тендери се подготвувале за криминални бизнисмени од БЕЛГРАД. Сега ДУИ не функционира само од една институција како што е ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА, туку со две институции, како што е НОВО ВЛТ (Нова Државна Лотарија) раководена од Омер Буњаку, Прпарим Бајрами и Артин Спахиу, трите жртви на Артан Груби. Од овие 2 институции прават пустош со корупција, скандали и уништување на Албанците. Замислете, Артан Груби за 4 години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино, додека во албанските населби не се отвораат градинки и училишта, не се промовираат книги, не се зборува за театар и култура, туку се зборува само за лотарии, казина и коцкање, велат од Европски сојуз за промени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.