Густиот црн чад што попладнево се издига во центарот на Скопје, е од пожар во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Станува збор за пожар во магацин, на чие гаснење веќе работат противпожарни екипи и возила од сите противпожарни станици во Скопје.
Огнот зафатил и пластични материјали, што предизвикува густ црн чад во центарот на Скопје.
Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.
Досега нема пријава за повредени лица. Претходно граѓаните од околните куќи и згради ги напуштија домовите, а предмалку повеќето возила од салонот за мотори на „Рузвелтова“ беа извадени на улицата, за да се избегне поголема трагедија. Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува.
Просторот кај „Треска“ е актуелен поради новите зради кои таму треба да се градат и битката на граѓанските организации со Општина Центар и инвеститорите да не се дозволи и тој дел да се бетонизира.
На социјалните мрежи веќе се коментира дека секој пожар во Скопје значи подготвување терен за нова градба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.