Тони Дескоски, професорот по меѓународно право на УКИМ, реагираше на денешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков кој во Битола ќе отвори клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“.
„Кој парадокс,
Дури и самиот Михајлов во 1944 се откажал од идејата да воспостави квислиншка фашистичка творба во Македонија, свесен за големиот народен отпор кон фашизмот и веќе извесниот пораз на Хитлеровата коалиција.
Да му се прави клуб на Хитлеровиот квислинг е обична спрдачина со НОБ и со антифашистичките традиции на Македонскиот народ. И ругање со слободарска Битола.
Очигледно нашите државни органи не си ја вршат работата. И да сме на јасно, ова не е проблем само на Бугарскиот премиер (иако тој би морал да е свесен дека Михајлов е Хитлеров и Павелиќев квислинг и да одбие да учествува во ваква ујдурма), туку е проблем на нашата држава.
Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен. п.с. Очекувам следниот клуб на оваа дружина да го носи името на Мане Мачков“, напиша професорот на Фејсбук.
Освен Петков во бугарската делегација беа и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.