Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во „Беко“ и МРТВ во Скопје.

Работното време на шалтерите ќе биде од 8 до 16 часот.

Од МВР вчера информираа дека на територија на Скопје е почната и достава на личните карти и на возачките дозволи на домашна адреса со цел олеснување и забрзување на процесот на промена на личните документи.

Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.