Не постои можност партијата „Самоопределување“ на косовскиот премиер Албин Курти да учествува на изборите во Македонија, дециден е претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.
Тој за „Република“ ја објаснува процедурата како може да се учествува на парламентарните избори и оти странска партија нема шанси да биде на листите.
Услов за учество е да се македонски државјани и да ги ислолнуваат законските услови како што се државјанство и жителство.Без тоа не може да бидат запишани во Избирачкиот список . Не може странец да учествува на изборите ниту пак партии-објаснува Даштевски за „Република“.
Партијата „Самооределување“ на Курти не е регистрирана во Македонија ниту пак нејзин огранок и со тоа е невозможно да учествува на изборите во Македонија како што најавија од албанската опозиција.На Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење им се приклучи Движењето Самоопределување од Косово, со нејзиниот претставник Беким Ќоку, кој му е советник на Курти.
Изет Меџити од Демократското движење објасни на кој начин „Самоопределување“ ќе биде вклучено на изборите.
Беким Ќоку е државјанин на Македонија и тој ќе биде на во заедничките листи.Тој е член и на Генералното собрание на движењето „Самоопределување“-нагласува Меџити за „Република“.
Што вели законот
Законот за политички партии забранува странски партии да имаат партии во Македонија. Самото име не е проблематично, и тоа може да носи име на некоја партија која веќе пости некаде на друго место.Но, мора да ги исполнува правните акти за регистрирање во Македонија, да не го нарушува правниот поредок, и она што е особено важно да не се финансира од надвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.