Професорката во средно училиште Даниела Стојановска – Пановска од СДСМ е нова пратеничка во Собранието. Мандатот на новата пратеничка беше констатиран на денешната 67.седница на Државната изборна комисија.

Стојановска – Пановска, која беше следна од листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3, доаѓа на местото на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој е именуван за амбасадор во Црна Гора.

Дитмире Шеху, потпретседател на Државната изборна комисија истакна дека ДИК издаде уверение за избраниот пратеник Даниела Стојановска – Пановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.