На граничниот премин „Табановце“ е уапсен Драган Даравелски, дознава „Канал 5“.

Драган Даравелски е поранешниот директор на Царинската управа кој во 2007 год. беше осуден во отсуство на седум години затвор, и кој беше баран со потерница на Интерпол, еднаш веќе во 2016 год. беше уапсен во Белград но до ден денешен не се случи неговата екстрадиција.

Тој се товареше дека додека бил на функција на службено лице, ја злоупотребил службената должност и овластување, а неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа. Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.