Не смееме да се плашиме од преговорите за членство во ЕУ. Напротив, треба со засукани ракави да ја зграбиме секоја можност за чекор напред кон членство во Унијата. Полесен пат нема, ниту алтернативен. Сите идеи за некаков полесен или заменски план се опасни планови на антизападните центри кои земјава сакаат да ја носат во режими и изолации, напиша на Фејсбук Марјан Забрчанец.

-Нашата позиција е јасна: гаранција за македонскиот јазик и идентитет. За тоа сигурен сум дека ќе се избориме, зашто друга опција не постои и никој тука не ни помислува на друга опција освен чист, дефиниран и деклариран македонски јазик во преговарачката рамка. Но, за останатото треба да засукаме ракави, да преговараме, да разговараме, да сработиме. Ни Преспа не ни падна од небо, си ја сработивме и уште реализираме обврски од Договорот, бидејќи тоа подразбира да се биде одговорна власт. Гласот против отворање на преговорите со ЕУ во услови на гарантиран македонски јазик и идентитет е глас против демократската и европска агенда на Македонија и глас против нашата западна евроатлантска определба. Гласот против Европа е пропратен со руски знамиња и вергини, истакна Забрчанец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.