Советот на Јавни обвинители за утре закажа седница за избор на јавни и виши обвинители. Извори на „Република“ од Обвинителството тврдат дека утре ќе се расправа за унапредување на обвинителот Трајче Пеливанов за кого има соменжи за незаконско постапување. Според нашиот извор тој треба да биде избран за виш јавен обвинител, а местото кое го има сега во Обвинителството за организиран криминал и корупција да биде ставено во мирување.
Прашањето е со што Пеливанов залужи унапредување и дали е разгледана писмената информација од вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство а кое се однесува на соработката и комуникацијата со избеганиот заменик директор на УЈП Исмет Гури.
Според информациите кои ги имаме, од Вишото јавно обвинителство уште на 7 декември, е пратено известување со содржината на СМС комуникацијата меѓу Пеливанов и поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, обвинетиот Исмет Гури. Зошто Советот јавни обвинители не постапувал по известувањето а згора на тоа и го наградува обвинителот?! Која е заслугата за унапредувањето на Пеливанов и кој стои зад него?! Дали поранешен министер го штити и го наградува за „сработеното“.
Медиумите веќе објавија дека Исмет Гури и Пеливанов разменувале пораки и си договарале средби, додека Пеливанов беше дел од СЈО а поради ова мубеше покрената и дисциплинска постапка, која беше доставена до Советот на јавни обвинители.
Пеливанов ја заменуваше и поранешната обвинителка за Организиран криминал Вилма Русковска додека таа беше под суспензија.Медиумите тогаш пишуваа и дека Пеливанов додека траел претресот во Финансиската полиција пиел кафе со тогашниот директор Арафат Муареми.
Со Пеливанов се поврзува и друг случај со исчезнување на доверливи документи и докази.
Како што објави „Сведок.мк“,од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација. Случајно или не доказите исчезнале во периодот кога со обвинителството раководеше обвинителот Трајче Пеливанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.