Од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација, дознава Сведок од извори во обвинителството.

Доказите исчезнале во периодот кога беше суспендирана Вилма Русокска и со ова обвиниелство раководеше обвинителот Трајче Пеливанов, кој според Советот на јавни обвинители, беше поставен на функцијата само да прима пошта и да потпишува плати.

Сведок од извори во ЈОРМ и во Европската организација дознава дека скандалот бил откриен деновиве кога бил побаран одговор од европската организација дали биле разгледани доказите и што се случува со нив. Тогаш и настанала паниката, бидејќи доказите кои биле доставени лично во текот на август, ги снемало. Доказите не биле доставени до предметниот обвинител, кој во тој период бил на годишен одмор. Истиот извор изрази сомневање дека доказите исчезнале при празнење на фиоките од биророто на Русковска, по налог на Трајче Пеливанов кој беше поставен за „прием на пошта“, а на кое отворање не била повикана Русковска, на што и самата реагираше во еден јавен настап, пишува Сведок.


Повеќе ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.