Молк од власта откако премиерот на Бугарија објави дека патот на Македонија кон ЕУ ќе трае најмалку десет години и оти дотогаш мора да се исполнат нивните барања. Ново вето во јуни сигурно ќе има а за поместување според бугарскиот речник ќе може да се говори кога Македонија ќе го исполни првиот услов а тоа е внесување на бугарското малцинство. Но, не е само тоа како што рече среде Македонија потпретседателката Илијана Јотова.

Граѓаните но и опозицијата со право се загрижени што се подготвува.Затоа од ВМРО-ДПМНЕ барааат Ковачевски да внимава што потпишува и оти интеграцијата во ЕУ не смее да биде процес на побугарчување.

Оттаму велат дека бугарските барања и изјавите на Петков за поместување на ветото со услови кои како што вели не треба да се бараат наеднаш, се опасност дека Ковачевски е на пат да потпише или прифати рамка за асимилација на Македонците.

Ковачевски уште не се изјаснил ниту за клубот Ванчо Михајлов и фашистичките тенденции, тој немаше ниту да реагира на негацијата на Македонците да не беше преголемиот јавен и медиумски револт.Тој со преговорите се однесува како да не е од овде, па чека првин дали одредена работа ќе наиде на критика на јавноста, за потоа тој да ја осуди или пофали-велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа е  неопходно Ковачевски веднаш да побара писмени гаранции од ЕУ за македонскиот идентитет, јазик и историја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.