Државниот обвинител Љубомир Јовески може да биде разрешен само неколку недели пред истекот на неговиот мандат, бидејќи Интерпелацијата против него иницирана од албанската опозициска партија Беса, Алтернатива и Демократско Движење е ставена на дневен ред во Собранието, објави Алсат.

Работата и одговорноста на Јовески за недејствување врз основа на неговите обврски во случајот Модуларна болница ќе биде разгледана на следната собраниска седница закажана за 2 ноември, но ставена како 13-та точка на дневен ред.

„Оваа интерпелација има за цел во собраниската јавна расправа да ги покрене наводите дека Јавното обвинителство во текот на целата постапка криела факти и информации за заштита на политиката и припадниците на бизнис елитите кои биле вклучени во изградбата на модуларните болници“, кажаа од опозицијата при доставување на интерпелацијата

Иницијативата ќе биде поддржана и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Но, мандатот на Јовески како државен обвинител истекува во декември и тој досега не доби доволно поддршка за да стане судија во Уставниот суд. Иако го предложи, по јавната кавга со Јовески, власта сега е воздржана во поддршката за него. Неговата кариера би можела да заврши тука, со негово пензионирање на 70-годишна возраст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.