Јавниот обвинител од ЈО на РМ, Љупчо Коцески го пројде филтерот на Советот на јавни обвинители и доби позитивна оценка за можна замена на Љубомир Јовески.

Членовите на Советот едногласно дадоа позитивно мислење за Коцевски. Сметат дека тој има големо искуство и ги познава состојбите во Обвинителството.

Се работи за најсериозен кандидат кој треба да добие апсолутна поддршка од Советот и треба да добие позитивно мислење. Посакувам тој да биде избран. Убеден сум дека ќе може да се носи со функцијата, рече членот Изет Меџити.

Инаку Коцевски е дел и од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители, како и член на дисциплинската комисија во Јавното обвинителство. Кариерата ја почнал како адвокат, па потоа бил дел од Вишото ЈО во Гостивар, а од пред извесно време е дел од републичкото ЈО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.