Затворите се решето во кое што останува само оној што нема конекции со СДС, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој додаде дека за тоа одговорни се затворските управи и служби поставени од СДСМ, во чија што хиерархија, како што вели тој, доминираат „луѓе од таканареченото обезбедување на партиските собири на СДС“.

Потсети дека во само еден месец најмалку три бегања се случија на територија на Скопје.

Се посочува на врски меѓу избеганите и СДС, а молкот и немањето санкции упатува на сомнеж за намерни системски пропусти. Македонија е во еден многу тежок период во којшто СДС ја втурна и период во којшто и од најмал инцидент единствен бенефит ќе има токму СДС на сметка на длабоки сериозни последици за државата. Оттука, од јавен интерес е СДС и владата да одговорат дали станува збор за смислено сценарио во коешто побегнатите се пуштени да предизвикаат инциденти во државата? Дали бегствата на човек, член на СДС, со фотоалбум со половина Влада, претседател на држава и цело раководство на СДС, како и на поранешен полицаец- насилник и наркодилер, двајцата од затворот во Шутка, што мина без никаква јавна одговорност или санкција, не се намерни пропусти, за теснопартиски интереси на СДС, дали не се побегнати за да можеби предизвикаат, исценираат или организираат инцидент на 4 февруари?
Дали бегството без последици за затворската служба и администрација, без одговорност со можност за организирање на инцидент, значи награда и за избеганите и за затворските службеници?
Уште еднаш, дали бегањата од затвор се сценарио на СДС за инциденти од што ќе профитира само СДС на штета на Македонија?, праша тој.

Стоилковски  уште еднаш укажува на сериозноста на моментот, како и на сериозноста од опасност од предизвикан инцидент, како и на јавниот интерес СДСМ да одговори на овие прашања.

МВР мора сериозно да пристапи и избеганите да ги врати зад решетки, а министерот Тупанчевски да преземе сериозни мерки и санкции во затворската администрација. СДС, Спасовски и Тупанчевски не смеат да одмолчат на овие прашања. Состојбата којашто ја креираше СДС е пресериозна за да се тераат теснопартиските интереси.

Одговорноста за спречување на инциденти има само и само власта, вели Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.