Според она што го говори струмичката чаршија и Зоран Заев и Љубчо Георгиевски, двајцата поранешни премиери кои потпишаа договори со Бугарија, и повеќе од убаво заработуваат во овој град, известува „Алфа“, додавајќи дека иако едниот е горд на своите бизниси и не го крие тоа, другиот очигледно се обидува да ги сокрие своите фирми, регистрирани на име на друго лице.

Една од фирмите која се поврзува со Георгиевски, а е со седиште во Струмица е „АМГ Едилха“, која официјално е во сопственост на физичко лице од селото Секирник, општина Босилово. Но како што претхдоно објави Фактор, две третини од вкупниот влог во Едилха имала фирмата ВИП Проект, каде соспственик е физичкото лице Љубчо Георгиевски, чиј матичен број кореспондира со денот, месецот и годината на раѓање на поранешниот премиер.

На истата адреса со Едилха постои и уште една фирма, Ди Фи Мар, a и таа се води на име на друго физичко лице.

Улица „Свети Климент Охридски“ број 240, едно обично стовариште, но на оваа адреса според централниот регистар се наоѓаат и уште две компании АДМ Едилха и Ди-Фи Мар.

Според информациите главниот бизнис на Георгиевски во Струмица е градежништвото и изградбата на згради во овој град.

Повеќе на „Алфа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.