Да не веруваш дека денеска излегува ЕУ Прогрес извештај за Македонија, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, потенцирајќи дека „ваков молк никогаш немало“.

Ќе речеш кријат овие од владата, знаат дека е катастрофа.
Бујар, Маричиќ, ајде ангажирајте ги омилените фирми за ПР со големи екрани за на плоштад Македонија, да видат луѓе дека “само Уставот, и ете не во ЕУ”. Ангажирајте ги во комбинација Арберија со Еуровија.
И неколку панелисти да има пред екраните, како омилените медиумски работници и трустови Џабир и Коко да дојдат, ама и Тричко да беседи. Секако и Богданка и Дарко Каевски да зборат.
Затоа што други и нема, еден дописник од Брисел нема, не оставија, ниту од МИА, ниту од МТВ, ниту некаква медиумска активност, информација, “отворено студио” од седиштето на ЕУ.
Та нели за слобода на информирање се работеше?
Не ставам фотографија на постот. Нема потреба.
Џабе го криете. Македонија го живее Прогрес-извештајот, им порача Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.