„Да.“ Ова е одговорот кој премиерот Димитар Ковачевски на писмено му го даде на пратеникот Антонио Милошоски, за прашањето дали е информиран кои македонски општини добија „Европска ознака за извонредно управување” од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА).
Она кога ради „завидлизам” на премиерот му е незгодно да ги наведе општините кои добиле европско признание за добро управување, бидејќи од 9 општини, во 8 се опозиционери: Битола, Виница, Радовиш, Аеродром, Неготино, Новаци и Штип (ВМРО), Берово (СДСМ) и Куманово (независен), пишува Милошоски.
Инаку, овие девет општини учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа, при што покажале високо ниво на усогласеност со 12-те начела за добро демократско управување на Советот на Европа.
„Европската ознака за извонредност на управувањето“ е воспоставена од Советот на Европа, а почнувајќи од 2021 година, АЛДА e акредитирана организација да го спроведува проектот во Македонија, Хрватска и Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.