Месецот што измина ќе остане запаметен како еден од најцрните во македонската историја. Во јуни се случи најголемиот пораст на горивата кои достигнаа речиси две евра. Владата наместо да интервенира во делот на акцизите, го одби предлогот на опозицијата. Претходниот месец ги имавме и најголемите поскапувања на храната откако заврши ограничувањата на маржите на трговците.

Во јуни се објавија и новите цени на електричната енергија за 7,4 посто иако проценките се дека ќе биде многу повеќе на годишно ниво.

Незадоволството на граѓаните од општата состојба резултираше со протести на синдикатите и јавната администрација, а револтот ерутираше со големиот протест на ВМРО-ДПМНЕ на кој се собраа околу 80.000 граѓани.

Пораз до пораз во месец јуни доживеавме на надворешен план. Најпрвин го имавме францускиот предлог, прва и втора верзија кој владата го одби па го прифати.

Случајно или не европските лидери почнаа да не нарекуваат „Северномакедонци“ а јазикот „северномакедонски“ додека власта не убедуваше дека е зачуван македонскиот идентитет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.