Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „10МИНУТИ“ на ТВ21 ја коментираше сегашната ситуација со вадењето на личните документи, во која огромен број граѓани се принудени да чекаат многу часови и се соочуваат со многу гужви и турканици за вадењето нови документи.

Чулев вели дека целава состојба, каде што македонските граѓани во нехумани услови, на минусни температури чекаат со часови за да се сликаат за нови лични документи не е случајна. Тој истакна дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски намерно го повторува хаосот со документи пред новата Техничка влада, како што беше тоа случај и во 2020 година кога тој беше министер за внатрешни работи во тогашната Техничка влада.

И сега како и тогаш, нема доволен број на обрасци за нови пасоши за да ги задоволат потребите на заинтересираните граѓани, постоечките се при крај, а новите обрасци се очекува да пристигнат на средината на март.

 

2020 година на 3 јануари беше изгласана техничка влада. Прв проблем со кој се соочивме беше немањето обрасци за пасоши, и тоа беше огромен проблем кој со судни маки успеавме да го решиме, и на најитен начин беа доставени количини на пасоши. Чудна коинциденција и јас би рекол не е случајност дека после четири години речиси истиот месец, воочи на парламентарни избори и на нова Техничка влада, се случува истиот проблем. Долги редици на граѓани кои се борат во нехумани услови и минимални, ниски температури да извадат пасош, а проблемот е што немаме обрасци за пасоши.

 

Дури на средината на март треба да стигнат нови. Друг проблем е самото подигнување на пасоши, има целосна неорганизација, има голем дел изгубени пасоши, со погрешни податоци“, рече Чулев.

Во однос на имињата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои треба да бидат дел од новата техничка влада, Чулев изјави дека партијата ќе ги објави до крајот на следната недела.

Имаше состанок на ИК и на ЦК на партијата, и беа донесени одлуки, за кои што информиравме, но од позначајните одлуки беше утврден списокот на делегати кои ќе гласаат за избор на претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, исто така донесена одлука ВМРО-ДПМНЕ да учествува во Техничката влада, да гласа воздржано за гласањето за владата и претседателот Мицкоски има право да ги утврди кандидатите во идната влада“, изјави Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.