По повод случувања во кој во текот на вчерашниот ден две лица беа повредени во трговски центар во близина на Скопје, поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев на својата Фејсбук страница објави статус во кој вели дека од полиција со кредибилитет, Министерството за внатрешни работи станало институција која криминалците ги бара преку социјалните мрежи.

Тој во својата објава коментира дека покрај убедувања од страна на Оливер Спасовски, дека целосно е расчистено со криминалните структури, сепак секојдневно сме сведоци на нарушување на безбедноста и бара Министерството за внатрешни работи да преземе мерки со кои ќе ја подигне и гарантира безбедноста на државата и граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.