Нови лични документи и „Отворен Балкан“ во редица во која се чека и по неколку часови, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишува Наќе Чулев.

‼️ „Километарски колони на граничните премини Богородица и Табановце, граѓаните се задржуваат и по неколку часа“, „Новите биометриски документи треба да се заменат најдоцна со следната година, за закажување на личен документ се чека речиси два месеци“ вака секојдневно изгледаат првите и ударни вести во медиумите.

🌡️ На повеќе од 40 степени и екстремно жешко време, патниците кои патуваат кон Грција и Србија, заглавуваат и по неколку часа на граничните премини од македонска страна, а граѓаните кои треба да извадат нови документи, за закажување чекаат повеќе дури и по два месеци. Подигнувањето во просториите на управните служби трае и по неколку часа. Многу бирократија и непотребни административни процедури.

▶️ Гужвите, редиците, нервозата и создавањето метеж се само уште една потврда за нехуманиот однос кој Оливер Спасовски и раководството околу него го имаат кон граѓаните на Македонија, но и кон вработените во Министерството за внатрешни работи. Потребни се нови инвестиции и целосна реорганизација, како би се намалил притисокот врз вработените и би се овозможила подобра и поквалитетна услуга и со тоа и побрз проток и помалку нервози за граѓаните.

🔜 Идната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе инвестира во нова организација и децентрализација, подобра инфраструктура, поголем број и соодветно обучен кадар на граничните премини, управните служби и останатите служби во МВР кои директно работат со граѓаните.

✔️ За побрз проток на возила, најоптеретените гранични премини ќе се прошират со нови ленти, и во летниот период ќе се алоцира поголем обучен граничен персонал.

☑️ Управните служби целосно ќе се реорганизираат, дигитализираат и децентрализираат, при што дел од документите ќе се издаваат електронски со дигитален потпис. Дополнително, ќе се отворат многу нови станици за издавање лични документи по општините, во Скопје и внатрешноста, граѓаните шест месеци пред истекот на личниот документ со порака ќе бидат информирани за датумот кога тој истекува, а ќе има можност пасошите, личните карти и возачките дозволи да се доставуваат по службена пошта.

✅ Овозможувањето на подобра, поквалитетна и побрза услуга ќе бидат една од главните сегменти на кои ќе биде ставен фокусот за идниот развој на полицијата и Министерството за внатрешни работи. Квалитетни човечки ресурси за квалитетна услуга од која придобивките ќе ги имаат токму граѓаните, пишува Чулев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.